spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: (Зло)употреба на институтотспогодување за вина и признание

МП: (Зло)употреба на институтотспогодување за вина и признание

Министерот за правда Никола Тупанчески учествуваше наТркалезна маса на тема:  “(Зло)употреба на институтотспогодување за вина и признание” која се одржа во Клубот на пратеници.

Во своето излагање Министерот Тупанчески ја поздрави иницијативата за организација на настанот особено во период во кој во јавноста беа изнесени сериозни забелешки и негативни реакции како од стручната фела така и од граѓаните во однос на практичната примена на овој институтот а кои ја наметнуваат нужноста за негово ревидирање вклучително и во контекст на обемот и квалитетот на негова примена.

Министерот истакна дека денешната тркалезна маса претставува и добра можност изнесените сугестии и предлози да бидат разгледани од страна на работната група за Законот за кривична постапка која во рамки на Министерството за правда интензивно работи, во насока на утврдување на недостатоците од примената на овој институт со цел превенирање на можностите за негово погрешно интерпретирање и евентуална злоупотреба.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

Гевгелија: Завршена изградбата на инклузивниот парк

0
Гевгелија го доби првиот инклузивен парк. Изградбата на новиот инклузивен парк, којшто се наоѓа во дворното место на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“-...