spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Социјалните претпријатија го помагаат економскиот раст, влијаат на социјалната кохезија и...

МТСП: Социјалните претпријатија го помагаат економскиот раст, влијаат на социјалната кохезија и развојот на новите технологии

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин присуствува на RISE (Регионален инкубатор за социјални претприемачи) Регионален Форум кој што се одржува во Тирана, Албанија, во периодот од 06 до 08 септември 2022 година.

Заменик министерот за труд и социјална политика во своето обраќање на панел дискусијата поврзана со социјалната економија и состојбите во земјите во Западен Балкан, даде краток осврт на состојбите во Северна Македонија во однос на перспективите, предизвиците и решенијата на социјалната економија, како и можните регионални вмрежувањa.

 

„Минатата година Северна Македонија ја усвои Националната Стратегијата за социјалните претпријатија во која се поставени основните постулати за развој на социјалните претпријатија, нивната препознатливост во општеството и мерки за нивна економска одржливост. Оваа стратегија за социјални претпријатија е скицата на еко-системот кој го градиме како Министерство за труд и социјална политика во соработка со сите заинтересирани страни, вклучително донаторската задница, граѓанскиот сектор и институциите. Секако, имплементацијата на оваа стратегија е надополнета и со национален координативен механизам за следење на имплементацијата. Оваа есен ќе го подготвиме првиот извештај од спроведување на стратегијата и Акцискиот план”, рече заменик министерот Хусејин.

Во понатамошното обраќање, заменик министерот за труд и социјална политика акцентираше дека, како што рече: „Социјалните претпријатија создаваат еднакви шанси и создаваат еднакво општество, придонесуваат кон еколошки и економски развој, но и допринесуваат кон намалувањето на сиромаштијата за најранливите. Тие го помагаат економски раст, влијаат на социјалната кохезија и развојот на новите технологии. Како Министерството за труд и социјална политика , во улога на креатор и генератор на социјалните и економските политики, заедно со социјалните претприемачи покажавме дека нема тежок и лесен процес, туку само дали има или нема разбирање и добра волја”.

Во Северна Македонија во моментов се имплементира  проект за развој на социјалните претпријатија  финансиран до Европската унија кој се спроведува во тесна соработка со Министерството за труд и социјална политика чија цел е да ја обезбеди структура, законски решенија, промоција и можности за финансиска поддршка на социјалните претпријатија. Во рамки на проектот, опремен е и воспоставен Центарот за поддршка и развој на социјални претпријатија, кој се наоѓа во строгиот центар на градот,  и истиот веќе е препознаен  меѓу социјалните претпријатија како атрактивно место каде добиваат поддршка, се вмрежуваат и се промовираат.

Во однос на легислативата, заменикот Хусејин информираше дека во завршна фаза е и креирање на Закон за социјални претпријатија со кој ќе се уредат постапките и критериумите за основање на социјалните претпријатија, ќе се предвидат соодветни финансиски инструменти, и ќе се поттикне поволна средина за  развој на социјалните претпријатија.

„Во процесот на развој на социјалните финансиски инструменти, неопходно е да се работи на страната на побарувачката, односно да се развиваат програми за подготовка на социјалните претпријатија за инвестиции, како и на понудата, односно да се работи на развој на финансиски инструменти и можности за финансирање кои се соодветни на потребите на социјалните претпријатија”, потенцираше заменик министерот за труд и социјална политика Хусејин кој што ја искористи приликата да ги поздрави активностите на Европската Унија, како и на Амбасадите во Република Северна Македонија за обезбедување поддршка за развој на социјалното претприемништво.

На RISE Регионалниот Форум учествуваат претставници на земјите од Западен Балкан, односно претставници од Албанија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, како и претставници на организации кои работат на полето на социјалното претприемништво.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...