Вчера министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се обрати на регионалната работилница за јаглеродно оданочување, во рамките на регионалниот проект „Транзиција кон ниски емисии и климатски отпорна економија во Западен Балкан и Турција“ , која се одржува во Скопје.
Работилницата имаше за цел да овозможи размена на искуства, потреби и можности за спроведување на цените на јаглеродот во Западен Балкан и Турција, со фокус на регионален пристап кон избраните елементи.
Темите што треба да се истражат вклучуваат:
• Воведување регионален данок на јаглерод, во рамки на можната имплементација на јаглеродниот граничен механизам за прилагодување (CBAM) во ЕУ и во правец на учество во системот за тргување со емисии на ЕУ (ЕУ ЕТС)
• Размена на научени лекции, алатки и понатамошен материјал за насоки во спроведување на цените на јаглеродот
• Можности за споделување на дел од инфраструктурата за цените на јаглеродот.
Организаторите информираа дека во план е работилница на високо ниво, со учество и на министрите одговорни за финансии во регионот. Проектот е финасиски поддржан од ЕУ.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање