spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedЦентар: Нови вработувања и социјални услуги за граѓаните преку соработката со УНДП

Центар: Нови вработувања и социјални услуги за граѓаните преку соработката со УНДП

Општина Центар и УНДП потпишаа Меморандум за соработка преку кој применуваат нов пристап и поддршка за вработување на жени и други ранливи групи на граѓани преку испорачување на социјални услуги за нега, помош и одмена на семејна грижа во домот и заедницата.

Во рамки на Меморандумот, Општина Центар ќе основа Центар за испорачување на социјални услуги за нега во кој корисниците ќе можат да добијат 24 часовна грижа од сертифицирани негуватели.

Преку оваа соработка Општина Центар ќе ги активира невработените жени и лицата со попречености внесувајќи ги на пазарот на труд и овозможувајќи им вработување и истовремено ќе обезбеди социјални услуги за лица со попречености, стари лица, долгорочно болни лица и други ранливи групи на граѓани кои имаат потреба од нега, асистенција, помош во домот и одмена на семејна грижа.

Општина Центар води грижа за рамномерни услови при вработување на сите свои граѓани. За таа цел гради партнерства кои носат развојни активности за унапредување на квалитетот на живот на лицата со попречености преку поддршка и создавање на инклузивни социјални сервиси.

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...