spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Реализиран инфо ден за инклузивната акција „Истражи ја Европа“ поддржана преку...

НАЕОП: Реализиран инфо ден за инклузивната акција „Истражи ја Европа“ поддржана преку програмата Еразмус+

На ден 05.09.2022 година во Скопје, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа инфо ден за инклузивната акција “Истражи ја Европа, поддржана од програмата Еразмус+.

 

На овој настан присуствуваа заинтересирани млади лица и претставници на младински организации кои добија информации за начинот на аплицирање и можностите кои ги нуди   инклузивната акција “Истражи ја Европа” поддржана од програмата “Еразмус+“.

 

Оваа активност е наменета за млади лица на возраст од 18 години (не помлади или постари од 18 години) кои на еднаква основа со нивните врсници од другите држави во Европа имаат можност да реализираат краткорочно индивидуално или групно искуство, преку патување низ Европа со железница или други начини на еколошки издржлив транспорт.

Организациите и неформалните групи на млади луѓе и поединечно млади луѓе имаат можност да добијат финансиска поддршка за реализација на проекти во рамките на кои младите луѓе со помалку можности имаат можност да учествуваат во инклузивната акција “Истражи ја Европа” (DiscoverEU).

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...