spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Директорот Наумче Мојсовски оствари средба со младиот пливачки херој Марко Пејчиновски

АМС: Директорот Наумче Мојсовски оствари средба со младиот пливачки херој Марко Пејчиновски

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски оствари средба со македонскиот пливач Марко Пејчиновски.

Мојсовски изрази задоволство што спортист од ваков ранг е во Агенцијата, која воедно е највисока државна институција за спорт во државата. Тој искажа подготвеност АМС да помогне во подготовките за следниот подвиг и додаде дека на Марко е да постигнува резултати, а Агенцијата е тука да го поддржува. Директорот на АМС искажа подготвеност Агенцијата да ги помогне идните подвизи на овој млад спортист, а помошта ќе биде еднократна или на месечна основа, во зависност од потребите на Марко.

 

Марко по овој повод кажа дека оваа година имал цел да исплива 250 км со 10 препливувања. За таа цел Марко започнал со подготовки уште од 15 октомври 2021 година, кога во период од три месеци неделно препливувал по 60 км. Првата делница била Радожда – Охрид, по што следувале уште девет препливувања, а завршил со делницата Охрид- Струга каде што од дозволени 10 минути Марко одморил четири минути, по што продолжил Струга – Свети Наум со пауза од шест минути, по што повторно се упатил кон Охрид, со ова Марко вкупно испливал 64 км. Марко Пејчиноски е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум во двата правци.

Агенцијата за млади и спорт му посакува уште поголеми успеси во иднина.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

МТСП: Хусејин – Главен приоритет е да осигуриме шанса и можности...

0
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на Четвртиот состанок на Заедничкиот управен комитет за спроведување на Рамката за соработка за...