spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Потребни документи за добивање на субвенцијата за учениците од прво одделение

Гостивар: Потребни документи за добивање на субвенцијата за учениците од прво одделение

Одделението за социјална, здравствена и детска заштита при општина Гостивар, ги известува семејствата кои имаат ученици запишани во прво одделение за учебната 2022/2023 година во сите основни училишта во Гостивар, дека со цел да се обезбеди еднократна финансиска поддршка во вредност од 1.500,00 денари, ќе треба до училиштето во кое нивното дете посетува настава, да ги достават следниве документи:

1. Барање за еднократна парична помош за семејствата кои имаат прваче во учебната 2022/23 година.
2. Потвдра за ученик запишан во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основното училиште на подрачјето на општина Гостивар (оригинал);
3. Фотокопија од извод од матична книга на родените (на ученикот во прво одделение);
4. Фотокопија од важечка лична карта;
5. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител;

Рокот за поднесување документи истекува на 12.09.2022 година.

Потсетуваме дека Советот на општина Гостивар на крајот на август донесе Предлог-одлука за еднократна парична поддршка на семејствата на учениците од прво одделение за учебната 2022/2023 година.

„Со одлука на советот на општината сите семејства со деца кои започнуваат во прво одделение ќе бидат поддржани со сума од 1.500 денари, па се надеваме дека можеме да придонесеме за намалување на трошоците за подготовка на училиштето. Се надеваме дека оваа помош бидете добредојдени“, рече претседателот на советот Валбон Лимани.

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...