spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПремиерот Ковачевски приреди прием по повод завршувањето на мандатот на амбасадорката на...

Премиерот Ковачевски приреди прием по повод завршувањето на мандатот на амбасадорката на САД Брнз

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски вечерва приреди прием по повод завршувањето на мандатот на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

Премиерот истакна дека амбасадорката Брнз беше присутна во клучен период за земјата и дека секогаш ќе остане пријателка на Република Северна Македонија.

„Нашата соработка изминативе години беше партнерска и блиска, како што доликува на соработката на две земји чија врска е силна од денот на воспоставување на дипломатски односи, но и претходно“, рече премиерот Ковачевски.

На приемот присуствуваа министри, експерти и други претставници од политиката и бизнис заедницата.

 

 

 

Извор: Влада

 

Прочитајте