spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Млади лидери од САД во посета на општината

Валандово: Млади лидери од САД во посета на општината

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, изрази огромна чест и задоволство што имаше можност да разговара со младите политички лидери од Демократската и Републиканската партија од САД, кои се во посета на општина Валандово, преку програмата American Council of Young Political Leaders.

На состанокот, се разговараше за социо – економската состојба на општината, нејзините компаративни предности, предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и интенцијата на заедницата за отворање кон светот и градењето нови пријателства.

„САД се нашиот најзначаен стратешки партнер, децении наназад. Учиме од нив и ги следиме воспоставените демократски стандарди кои ги постигнале. Пријателствата од ваков тип, се нашата вредност. Ги негуваме истите, ги продлабочуваме и заеднички напредуваме.“ – истакна градоначалникот Костадинов.

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

МЈА: Минчев – Направени се значајни напори за стабилизирање на буџетот...

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во вечерашното гостување во Дневникот на Алсат ТВ, ја истакна посветеноста на Владата за стабилизирање на буџетот и...