spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетинг5 Финансиски грешки кои ве спречуваат да бидете економични

5 Финансиски грешки кои ве спречуваат да бидете економични

Сигурно секој од вас прави математички пресметки за да ги испланира месечните трошоци согласно месечните приходи. Статистиката покажува дека повеќе од една третина од паричните средства на домаќинствата во Македонија се трошат за храна. Но, кога ќе ги додадеме и другите трошоци околу живеалиштето, облека и обувки, трошоците за превоз, даноците, трошоците за здравствена заштита, тогаш сликата навистина добива друга димензија.

Секако дека не е лесно да го организирате финансискиот живот, особено во време на пораст на трошоците, посебно кога има инфлација низ целиот свет. Но, тоа не значи дека не можете да избегнете некои грешки при планирањето на трошоците.

Во продолжение следат неколку финаниски грешки кои ве спречуваат да бидете економични.

1. Не сте поставиле план за личен или семеен буџет

Овој пристап кон личните финансии многу брзо ќе се одрази врз вашата финансиска состојба. Размислете добро дали е можно сите приходи и расходи да ги водите на памет. Не е доволно само да се запрашувате каде  и на што ги трошите вашите пари.  Потребно е да започнете со финансиско планирање на месечните трошоци.

2. Правите големи трошоци – купувате работи кои не ви се потребни и со тоа трошите повеќе од што заработувате

Потребно е да се прави разлика помеѓу желбите и потребите во месецот. Решението е да се одржува реален буџет и да се штедат средства на страна. Со импулсивното купување на нештата кои не се потребни во месецот, трошите повеќе од месечниот приход и се соочувате со финансиски недостиг на средства.

3. Штедите само кога ќе имате поголема сума на пари

Потребно е да донесете вистинска одлука за тоа колку од платата автоматски ќе биде ставена на страна, на некоја посебна сметка наменета за штедење или инвестирање, а колкав дел ќе намените за месечни трошоци.

4. Не се трудите да го зголемите месечниот приход

Трошоците имаат своја граница и возможно е да се ужива во добар живот доколку не си дозволите работи надвор од основните потреби. Сепак треба да се постават приоритети и да се одвојат поитните од помалку важните трошоци во месецот. Исто така, треба да бидете проактивни за да ги зголемите своите квалификации, да вложите во своите вештини, а со тоа да најдете и подобро платена работна позиција, да вложите во своето хоби кое може да ви донесе дополнителен приход или пак да започнете сопствен бизнис.

5. Не сте ја обезбедиле вашата финансиска сигурност

Не сте одлучни дека сакате да одвоите пари за осигурување. Но, во реалноста се случуваат неочекувани проблеми и ситуации кои можат да ве доведат до состојба на финансиски пад. Затоа одвојте средства, осигурете се од непредвидени ризици и живејте стабилно.

Секој може со мали напори да ја  промени структурата на семејниот буџет. Ние, во ИутеКредит можеме да ви помогнеме и да ви ја дадеме најдобра финансиска поддршка во секое време. Постигнете чувство на безбедност и задоволство, за себе и за своето семејство. Одберете потрошувачки кредит на рати од ИутеКредит  без скриени трошоци,  за износи до 240 000 денари со рок на отплата до 48 месечни рати. Достапни сме онлајн IuteCredit Macedonia | најбрзо и најкомфорно!, преку мобилната апликација MyIute, и при тоа искористете го попустот од актуелната понуда -20% на трошоците. За повеќе информации јавете се на контакт број 13 333 за да разговарате со нашиот тим на кредитни консултанти или пак погледнете ја мрежата на експозитури Контакт | IuteCredit Macedonia.

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...