spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Се гради нова канализациона линија во н.м. Марино

Илинден: Се гради нова канализациона линија во н.м. Марино

Екипите на ЈКП Водовод ги започнаа активностите за иградба на канализациона линија во должина од околу 400 метри во н.м. Марино.

 

Со реализацијата на овој проект ќе се поврзат домаќинствата од улица 500 од н.м. Марино кои не беа опфатени во постоечките канализациони линии.

 

Увид го градежните работи денеска изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој изјави дека изградбата на канализациона мрежа е врвен приоритет за општината и него како градоначалник.

 

На ново изградената канализациона линија ќе бидат приклучени приближно 22 домаќинства и истата ќе се поврзе на фекалниот колектор Илинден Марино кој е во вкупна должина од 5000 метри и на истиот ќе бидат зафатени отпадните води од домаќинствата кои се испуштаат во отворениот канал.

 

Со изградбата на фекалниот колектор значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живеење на жителите во населените места Илинден и Марино.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...