spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи - Хукстра

МНР: Средба Османи – Хукстра

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, беше домаќин на министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Вопке Хукстра, кој e во еднодневна работна посета на нашата земја.

На средбата, двајцата министри изразија задоволство од пријателските односи меѓу двете држави кои ги негуваме со децении, a се рефлектираат преку развиен дијалог и секторска соработка. Беше поздравена динамиката на реализирање на чести средби и посети на високо ниво во изминатите години и заемен интерес за продолжување на динамичниот политички дијалог меѓу двете пријателски земји и во иднина.

,,Политиката на проширување, како еден од најуспешните проекти на ЕУ во насока на зајакнување на европското единство и консолидација на безбедносните и демократските принципи и вредности на европско тло има особена важност во нестабилниот геополитички контекст, предизвикан од руската инвазија на Украина, чии последици ги чувствуваме било да се работи за безбедноста на европскиот континент, енергетската стабилност или снабдувањето со храна’’, подвлече министерот Османи дополнувајќи дека ,,веќе следната недела почнува и првата фаза од пристапниот процес – скринингот, кој претставува важен процес за проценка на нашата подготвеност за идно членство во ЕУ. Од земја кандидат сме земја преговарач и нема да чекаме да заврши скринингот за да почнеме сo реформи.’’

Османи упати посебна благодарност за принципиелната поддршка на Холандија на нашиот процес за пристапување во Европската унија, и ја поздрави примената на холандскиот принцип, “строг и фер” пристап во валоризирање на постигнатите резултати, особено во областите на зајакнувањето на демократијата и владеењето на правото.

Министерот Хукстра ја реафирмираше поддршката на Холандија на нашиот евроинтегративен процес, со охрабрување да продолжи имплементацијата на домашните реформи во насока на нашата целосна интеграција во ЕУ. Отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ го оцени како приказ на политичка зрелост на земјата за натамошна имплементација на европските стандарди.

Двајцата министри го потврдија интересот за натамошно унапредување на билатералната соработка во повеќе области, со посебен акцент на јакнење на економската соработка. Посебен фокус беше ставен на состојбите во регионот на Западниот Балкан и последиците од руската инвазија на Украина, како закана за европската и меѓународна безбедност, како и за активностите на двете земји како сојузници во НАТО.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Бутел: По 30 години се реконструира дворот во ООУ “ЛИМАН КАБА”...

0
Дворот на основното училиште во Љуботен конечно ќе биде соодветно место за учениците. Општина Бутел ја реконструира училишната ограда, ги промени училишните врати а наскоро...