spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Повик за обуки за градење на капацитетите на вработени во јавниот...

МТСП: Повик за обуки за градење на капацитетите на вработени во јавниот сектор

Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Центарот за управување со промени отвора повик за службеници и службенички вработени во јавниот сектор. Обуките се на тема “Дискриминација и справување со дискриминација“ и се предвидени да се одржат во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

 

Обуките се дел од проектни активности, подржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамките на проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II“.

Спроведувањето на обуките е планирано во 4 групи соодветно термините:

  • 19.09.2022, 20.09.2022, 21.09.2022 – прва група
  • 26.09.2022, 27.09.2022, 28.09.2022 – втора група
  • 03.10.2022, 04.10.2022, 5.10.2022 – трета група
  • 12.10.2022, 13.10.2022, 14.10.2022 – четврта група

Учество можат да земат службениците и службеничките кои се вработени во институции на јавниот сектор и се редовно вработени во своите институции.

При аплицирањето кандидатите и кандидатките треба да наведат соодветна мотивација за учество во обуката.

Заинтересираните можат да аплицираат на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdXjjkTvEPptrGybH1SW11VA9Q3c4bQVgW5DME-r-lF8MGH0g/viewform?usp=pp_url, најдоцна до 14 септември 2022 година, до 23:59 часот.

Избраните учесници и учеснички ќе бидат контактирани со повеќе детали.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...