spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Потпишан Меморандум за соработка со Технолошко-металуршкиот факултет

МЖСПП: Потпишан Меморандум за соработка со Технолошко-металуршкиот факултет

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска и в.д. деканката на Технолошко-металуршкиот факултет, проф. д-р Билјана Анѓушева потпишаа Меморандум за соработка со кој ја изразија подготвеноста за продлабочување на соработката во полето на заштитата на животната средина.

Потпишан Меморандум за соработка со Технолошко-металуршкиот факултет

Според Оџаклиеска, оваа соработка ќе овозможи изнаоѓање на заеднички ефективни решенија при креирањето и примената на „зелените“ политики преку формирање на заеднички експертски тимови за изработка на апликативни проекти, успешно воведување на нови технологии за постигнување на стандардите на животната средина, како и користење на стручна, научна и техничка поддршка во изготвување на експертски анализи во  заштитата и унапредувањето на животната средина.

 

Со Меморандумот, се овозможува и користење на техничко-професионалните услови, материјали, простории и лаборатории на Технолошко-металуршкиот факултет, како и на лабораторијата на МЖСПП. Потпишувањето на документот е резултат на потребата за поврзување на ресорните институции во функција на поттикнување на одржлив развој, забрзување на зелената транзиција и градење на одржлива, зелена и циркуларна економија.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Бутел: По 30 години се реконструира дворот во ООУ “ЛИМАН КАБА”...

0
Дворот на основното училиште во Љуботен конечно ќе биде соодветно место за учениците. Општина Бутел ја реконструира училишната ограда, ги промени училишните врати а наскоро...