Обединети и со јасна цел за европска и просперитетна Северна Македонија

ВладаОбединети и со јасна цел за европска и просперитетна Северна Македонија

Најчитано

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ од Прага, го честита 8-ми септември, Денот на независноста на државата, порачувајќи дека граѓаните имаат причина да слават бидејќи денес сме респектабилна земја која има сојузници низ целиот свет, која е почитувана и препознаена по нејзините напори и мудрост да го трасира својот европски пат.

„31 година граѓаните избраа да живеат во независна, демократска, мирна, стабилна и просперитетна држава.

Граѓаните имаат причина да слават. Изминатите години сведочат за посветена работа во градење и развивање на Северна Македонија како слободно, одговорно и економски силно општество со целосна афирмација на граѓанските вредности.

Успеавме и покрај сите предизвици, да останеме јасно ориентирани кон евроатлантските интеграции, инвестирајќи во нашата стратешка цел до крај. Да се стане членка на НАТО за мала земја, како нашата, е големо достигнување, а отворањето на пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ, е уште еден важен чекор напред во вистинската насока.

Преговорите за пристапување ќе ни помогнат да се движиме низ реформите и да се фокусираме на оние од приоритетна важност.

Денес сме респектабилна земја која има сојузници низ целиот свет, која е почитувана и препознаена по нејзините напори и мудрост да го трасира својот европски пат за нејзините генерации. Модерна, европска и просперитетна Северна Македонија за сите нејзини граѓани.

Нека ни е вечна независноста и државноста. Да живее Републиката“, стои во честитката на Фејсбук-профилот на вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ, денес и утре е во официјална работна посета Република Чешка, која претседава со Европската Унија, каде ќе остари средби со неговиот хомолог, министерот за европски прашања на Чешката Република, Микулас Бек, со претседавачот на собранискиот Комитет за европски прашања Ондреј Бенешик и претседателот на Интер-парламентарната група за пријателство на Северна Македонија со Чешка, Петр Беитл.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе