Се мобилизираат институциите, Државниот завод за ревизија ќе биде дел од преговарачкиот процес

ВладаСе мобилизираат институциите, Државниот завод за ревизија ќе биде дел од преговарачкиот...

Најчитано

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска оствари средба со главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски на која беше разговарано за подготвеноста и важноста од вклучување на Државниот завод за ревизија во процесот на преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

-Започнавме историски процес, отворени се преговорите и тоа е она на што треба сите да сме фокусирани. Со почетокот на преговорите земјата влегува во друга специфична фаза, која бара вклученост на што поширок круг од општеството, рече Маричиќ на средбата.

Главниот државен ревизор ја потенцираше подготвеноста на Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција која со својата експертиза, знаење и професионалност ќе даде значаен и активен придонес преку свои претставници во објаснувачкиот скрининг, особено во поглавјата 5 – Јавни набавки и 3.32 – Финансиска контрола.

На средбата, вицепремиерот за европски прашања ја истакна потребата од максимална посветеност и ангажираност на сите чинители во овој процес, со цел искористување на дадената шанса на патот кон полноправно членство во ЕУ.

-Преговорите и целиот процес на преговори за членство во Унијата е државен и национален проект, кој ќе ја трансформира државата на подобро, а крајниот резултат треба да биде подобар судски систем и законодавство, подобра администрација, подобра државна управа, истакна Маричиќ.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе