spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени субвенциите за грла овци, користен сертифициран материјал и одгледани и...

АФПЗРР: Исплатени субвенциите за грла овци, користен сертифициран материјал и одгледани и заклани гоеници

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска реализираше исплата на 3 мерки од програмата за директни плаќања.

 

На сметките на 2.984 лица се исплатени 682.864.200,00 денари за обележани грла овци од сите категории , додека кон близу 8.000 лица се исплатени 229.001.820,00 денари за пријавени површини со задолжителна употреба сертифициран семенски материјал. Реализирана е и исплатата за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети кон 136 лица со во висина од 150 милиони денари.

 

-Корисници на подмерката за обележани грла овци од сите категории се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат минимум 30 грла .
Висината на директните плаќања изнесува 1.200 денари по грло , додека за земјоделски стопанства со пријавени од 101 до 500 грла, висината на директните плаќања изнесува 1300 денари по грло.

-Корисници на директните плаќања за сертифициран семенски материјали се земјоделски стопанства кои пријавиле површини со полјоделски култури на кои е употребен сертифициран семенски материјал.

-Директни плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети се корисниците кои одгледале и продале или заклале најмалку пет гоеници во период од мај 2020 година до април 2021 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.

“Во еден ден се исплатени повеќе мерки за растително и сточарско производство. Со денешната исплата финансиска поддршка добиваат полјоделците кои во производната 2021 користеле сертифициран семенски материјал на своите површини, како и одгледувачите на овци и корисниците од секторот свињарство кои одгледале и заклале гоеници во преработувачките капацитети. Во следниот период ќе продолжат исплатите од програмата за директни плаќања за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на финансиска поддршка” – информира директорот Бачовски.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...