spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Инфо сесија за проектот СУПЕР УЧИЛИШТА

АМС: Инфо сесија за проектот СУПЕР УЧИЛИШТА

Агенцијата за млади и спорт, како институција одговорна за психофизичкиот развој на младите и младинското организирање, како и за политиките за млади во нашата држава, вложува огромни напори во воспоставувањето на младинската инфраструктура како и овозможување на услови за секој млад човек да може да се вклучи во процесите на носење на одлуки.
Согласно Законот за младинско учество и младински политики, сме целосно посветени секоја општина да има свој Локален младински совет, преку кој младите би учествувале во носење на одлуки во нивната општина, во отварање на Младински центри во секоја општина, во отварање на младински канцеларии.
Агенцијата за млади и спорт покрај ангажманот во поставување на младинската инфраструктура, објавува и низа на повици, за финансиска поддршка на младински организации, организации за млади и чадор младински организации, повик за доделување на награди за млади талентирани лица, повик за доделување на награда за младинско учество, Конкурси за млади поети и млади уметници. Одговорни сме и како институција за процестот за креирање на Национална стратегија за млади, кој е во почетна фаза и наредниот период ќе водиме потполно отворен , инкузивен и транспарентен процес за креирање на новата Национална стратегија за млади 2023-2027 година, која ќе опфати осум приоритетни области: Младинско учество, младинско информирање, младинска работа, образование, култура, здравје, претприиемништво и подршка пред вработување и последна но најбитна во последно време безбедноста кај младите(ненасилство).
Во извршувањето на својата мисија, Regional Youth Cooperation Office – RYCO ја покажува својата посветеност на човековите права, достоинството и воспоставувањето на мир заснован на меѓусебно почитување и доверба. RYCO Superschools, во својата најширока смисла, се обидува да ги постави темелите за силни и одржливи врски помеѓу средните училишта во регионот, како и долгорочни партнерства.
Преку активностите на РИКО се реализираат и стратешките приоритети на АМС и на државата како на локално, така и на државно и регионално ниво, посебно преку зближување на нладите од регионот а со цел создавање на побезбедна средина и подобра иднина за младите од државата и регионот.

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...