spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаДржавниот завод за статистика се подготвува за спроведување попис

Државниот завод за статистика се подготвува за спроведување попис

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за поглавјето Статистика, кој се одржува во Луксембург, најави дека после пилот Пописот на земјоделство, кој беше спроведен во јуни 2022 година, во согласност со методологијата целосно усогласена со Регулативата IFS бр. 2018/1091 година, планиран е Пописот на земјоделството за октомври 2023 година.

– Нашиот Државен завод за статистика континуирано работи на имплементација на принципите на Кодексот на практика на европската статистика, периодично проверувајќи го статусот на усогласеност преку самопроценка. Дополнително важно достигнување на кое Државниот завод за статистика активно работеше во текот на 2022 година е Програмата за статистички истражувања 2023-2027 година, за зајакнување на статистичкиот систем во земјата со вклучување на повеќе институции кои собираат релевантни статистички податоци, истакна Маричиќ, пред претставниците на Еуростат.

Според вицепремиерот Маричиќ статистичките податоци ќе бидат важен дел од преговарачкиот процес бидејќи ќе треба да покажеме како се применува усогласеното законодавство во пракса, а на состанокот потенцираше дека Северна Македонија има постигнато одредено ниво на усогласеност, што е потврдено и во Извештаите.

-Успешно спроведениот попис, според методологијата и стандардите на Еуростат, после две децении, е потврда за имплементирањето на соодветната статистичка легислатива во нашето национално законодавство, работејќи заедно со Комисијата и Еуростат.
Во наша корист е што не почнуваме од почеток, бидејќи веќе имавме една образложувачка средба во февруари 2019 година, пред усвојувањето на новата Методологија за проширување. На ова би го додал, како уште една предност, фактот што после повеќе од 25 години ја транспониравме соодветната статистичка легислатива во нашето национално законодавство, работејќи заедно со Комисијата и ЕУРОСТАТ, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со Унијата, Маричиќ пред почетокот на објаснувачкиот скрининг, заедно со директорот Апостол Симовски и државната секретарка на СЕП, Абдиу-Халили, одржаа состанок со заменик генералниот директор на Еуростат, Гало Гије, на кој разговараа за подготвеноста и активностите кои ги презема Државниот завод за статистика, со цел полесно да одговори на идните предизвици со кои ќе се соочи, при преносот на податоците во Европскиот статистички систем, во рамки на процесот на пристапување во Европската Унија.

Денеска продолжува скрининг процесот со објаснувачки состанок за Поглавје 18, Статистика, во Луксембург, на кој Европската комисија и Еуростат ќе го презентира новиот корпус на ЕУ acquis донесено во периодот по 2018/19 година.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте