spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Стартуваат „Звуци на културата 2022“

Ѓорче Петров: Стартуваат „Звуци на културата 2022“

 

Со серија настани под мотото „Наша приказна, наша традиција“ општина Ѓорче Петров утре стартува со „Звуци на културата 2022“ и одбележување на 20 септември-Ден на општина Ѓорче Петров.

Општината почнувајќи од утре до 25 септември ќе биде центар на културно-уметнички и спортски настани. Во текот на утрешниот ден во реонскот парк со почеток од 10 часот посетителите првпат ќе имаат можност во Ѓорче Петров да присуствуваат на Ден на органско производство каде ќе има изложувачи од целата земја. Попладнето во 17:30 стартува Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Златен вез“ на истата локација.

Недела е резервирана за Детскиот фестивал „Соната“ во 12 часот во реонскиот парк.

Во понеделник на 19 септември во 11 часот под мотото „Спортуваме со првачињата“ на стадионот „Македонски лавови“ ќе се одржи спортски настан. Ова е одлична можност да ги насочиме нашите најмлади жители на спортски активности од најмлада возраст и да им го доближиме спортот како опција за здрав живот.

 

20 септември е Ден на општина Ѓорче Петров. Ќе го одбележиме со целодневен свечен настан и свечена седница на Советот, но и со концерт кој ќе стартува во 18 часот. Програмата е наменета за сите возрасти. Настап на дечињата од градинката „Росица“, танцовото студио „Бранимир и Бранкица“ и КУД „Глигор Прличев“. Стојне Николова, Даниел Дан, Мијата и диџеј Горан, пак, се само дел од имињата кои ќе ги забавуваат ѓорчепетровци во вторник во реонскиот парк.

Манифетацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево“-ЕФЗ Седум осмини и Ансамбл Ѓорче Петров е предвидена да се одржи во сабота на 24 септември во 12 часот во паркот. На овој настан ќе му претходи крводарителска акција во Центарот за култура во 10 часот, а денот ќе биде затворен со кинолошката изложба на стадионот „Македонски лавови“ во 18 часот.

Одбележувањето на општинскиот празник ќе се заврши со настанот „Сите во Кучково“ на 25 септември во 12 часот со старт кај крстот во Кучково. Со велосипеди и пеш ќе ги промовираме новите велосипедски и пешачки патеки на оваа локација.

Општина Ѓорче Петров ги повикува сите граѓани заедно да го одбележиме општинскиот празник, но и сите настани кои следуваат.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...