Истакнати вработени во контакт центарот на ИутеКредит Македонија

МаркетингИстакнати вработени во контакт центарот на ИутеКредит Македонија

Најчитано

Ви ги претставуваме колегите од тимот на ИутеКредит Македонија кои мотивираат, успеваат и освојуваат во она во што се најдобри. Лиле, Маријана и Марија се колегите кои работат на позиција кредитни консултанти за клиенти во контакт центарот на ИутеКредит. Остварија одлични резултати од работењето изминатиот месец и заслужија признание. Со своите успешно постигнати резултати ја оправдаа довербата на компанијата.

Ви благодариме што сте дел од тимот и продолжете да чекорите по патот на успехот!

Лиле Стаменкова, Кредитен консултант за клиенти од експозитурата на ИутеКредит во Штип

Таа е дел од нашиот тим повеќе од две години. Во месец јули постигна најдобри перформанси во тимот со највисок износ на кредитна исплата, а исто така го дели второто место помеѓу кредитните консултанти по најмногу издадени потрошувачки кредити обезбедени со полиса за осигурување. Напорната работа и посветеноста поткрепена со одлична тимска работа, секогаш придонесува за одлични резултати од работењето. Благодараме Лиле за твојот одличен перформанс. Среќни  сме што те имаме во нашиот тим!

Маријана Јованович, Кредитен консултант во позадинско работење во ИутеКредит Македонија

Маријана има повеќе од 3 годишно искуство во тимот на ИутеКредит. Таа секогаш е со позитивен и ведар дух во комуникацијата и со корисниците и со колегите од тимот. Секојдневното справување со предизвиците во денот, бара одговорно, навремено и професионално дејствување. Така, во месец јули Маријана го држеше рекордот за исплата на кредити во позадинско работење, највисок процент во одговорени електронски пораки и беше во топ 5 консултанти со најмногу одговорените повици од клиенти во контакт центарот. Одлична работа Маријана! Ти си драгоцена алка во тимот на ИутеКредит.

Марија Атанасова, Кредитен консултант во позадинско работење на ИутеКредит Македонија

Марија е на работната позиција само една година, но таа е една од оние кредитни консултанти, кои докажаа дека со упорност, трудољубивост и прифаќање на предизвиците можете да постигнете големи резултати. Таа е лидер во секторот за позадинско работење за осигурување. За тоа сведочат бројот на продадени кредити обезбедени со осигурителна полиса, како и начините за понуда на полисите на корисниците. Ти благодариме за постигнатите вредности во грижата со корисници!

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе