spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: 15 стипендии за додипломски студии

Карпош: 15 стипендии за додипломски студии

Локалната самоуправа ги информира своите жители, дека заклучно до идната среда (21.09.2022), карпошани можат да конкурираат за една од петнаесетте стипендии  за редовни студенти за учебната 2022/2023 година, кои ги доделува Општина Карпош во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Во таа насока, право на аплицирање на овој повик има секој граѓанин на општина Карпош, кој воедно не е корисник на друга стипендија од некоја друга установа, институција или приватна фирма.

 

За учество на јавниот повик, апликантите треба да ги достават следните документи до Архивата на Општина Карпош  со назнака „Повик за доделување на стипендии за додипломски студии“, секој работен ден до 15:30 часот.

 

  1. Мотивациско писмо, кое покрај биографските податоци ќе содржи и податоци за досегашното образование, постигнатиот успех, како и причина за конкурирање на овој повик.
  2. Копија од диплома за завршено средно образование.
  3. Копија од лична карта.

 

Притоа, сите дополнителни награди, признанија и потврди за познавање на странски јазици ќе бидат земени в предвид при крајното рангирање.

 

Во оваа пригода, Општина Карпош напоменува дека тековните и административни трошоци не влегуваат во начинот на стипендирање.

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...