spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити се обрати на министерската конференција на Западен Балкан за...

МИОА: Министерот Алити се обрати на министерската конференција на Западен Балкан за РЈА, во организација на Респа и ОЕЦД/СИГМА

,,Силно се стремиме кон професионална, ефикасна и отчетна администрација во служба на граѓаните и бизнис заедницата во нашата земја. Ние во МИОА исто така ја водиме, создаваме и промовираме дигиталната трансформација и развојот на информатичкото општество“, истакна министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити во обраќањето на министерската конференција на Западен Балкан за реформа на јавната администрација, во организација на Регионалната школа за јавна администрација(ReSPA) и ОЕЦД/СИГМА.

Министерот Алити потенцираше дека континуирано, активно и посветено се работи на мерките и активностите на Стратегијата за реформа на јавната администрација и Акцискиот план (2018-2022), посочувајќи ги четирите приоритетни области утврдени врз основа на принципите на СИГМА:

• креирање и развој на политики,
• управување со јавните служби и човечки ресурси,
• одговорност, отчетност и транспарентност и
• обезбедување услуги и ИКТ поддршка на администрацијата

Имајќи предвид дека сегашната Стратегија за реформа на јавната администрација е во последната година на имплементација, Министерството за информатичко општество и администрација како институција задолжена за управување и координација на процесот на реформа на јавната администрација, го иницираше подготвителниот процес на новата осумгодишна Стратегија за РЈА (2023 -2030), за која веќе е обезбедена поддршка од СИГМА.

МИОА, додаде министерот, веќе формираше работна група со претставници од државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните организации. Земени се предвид и препораките согласно меѓународните документи, вклучувајќи ги и Заклучоците на Специјалната РЈА група за 2021 година, каде се дава оценка за напредокот на нашата земја во реформата на јавната администрација, но и препораки за областите кои бараат дополнителни реформи.

Надворешна евалуација на постојната Стратегија за РЈА (2018-2022) беше спроведена од независен експерт со поддршка на ReSPA. Во текот на јуни и јули годинава во рамките на евалуацијата беа организирани работилници на кои беа изготвени препораките кои претставуваат основа за подготовка на новата Стратегија.


,,Реформата на јавната администрација е процес кој го води Министерството за информатичко општество и администрација, но за нејзино успешно спроведување е потребна еднаква посветеност и вклученост од сите засегнати страни. Ни претстои обемна работа, каде треба да ги вклучиме сите капацитети за подготовка на новата Стратегија за реформа на јавната администрација, земајќи ги предвид научените лекции и искуството од имплементацијата на сегашната Стратегија, со цел да се подготви документ со реални цели и активности кои планираме да ги реализираме во наредниот осумгодишен период“, рече министерот Алити.

Денешната меѓународна конференција на едно место ги собра министрите за јавна администрација од регионот и клучните чинители на РЈА, како и претставници на Европската Комисија. Воведни обраќања имаа и премиерот Димитар Ковачевски, Грегор Вирант-директор на ОЕЦД/СИГМА, Метју Буске- DG Near во Европската комисија и Маја Ханџиска Трендафилова-директорка на ReSPA, која меѓу другото истакна дека ReSPA ќе продолжи да се фокусира на продлабочување на регионалниот дијалог за прашањата за РЈА во тесна соработка и со поддршка на Европската комисија кон целосно модернизиран административен простор во Западен Балкан.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...