spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМЛС: Жителите од Карбинци побрзо и побезбедно ќе патуваат до Штип

МЛС: Жителите од Карбинци побрзо и побезбедно ќе патуваат до Штип

Со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа, започнува санацијата на мостот на реката Брегалница кај село Долни Балван, кој треба да биде готов до крајот на ноември.

Вкупната вредност на проектот е 10 милиони денари, од кои 5 800 000 се обезбедени од  програмата „Намалување на диспаритетите  меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност“ од Министерството за локална самоуправа, а  4 818 502 денари се средства од општина Карбинци.

-Мостот на река Брегалница кај селото Долни Балван  е од големо значење за жителите на општината и пошироко, бидејќи претставува најкратка и единствена врска за поврзување на Општина Карбинци со магистралниот патен правец М5 а преку него и со останатата патна мрежа во државата. Со вакви корисни проекти го подобруваме животот на граѓаните во земјава особено во помалите општини, на кои им е потребна поголема поддршка за подобрување на патната и друга инфраструктура, согласно потребите на граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Мостот ја подобрува комуникацијата меѓу 29 населени места и на над 4000 жители од општина Карбинци, од десна страна по течението на река Брегалница, а претставува и најкратка врска со Штип, како и најбезбедна врска за транспорт на стоки пред се земјоделски производи до градскиот пазар бидејќи се избегнува сообраќајната гужва од индустрискиот дел на градот.

-Мостот еднаш е саниран во 1996 година од страната на село Долни Балван, потоа друг дел е саниран во 2004 година, а во 2015 година е извршено внатрешно зајакнување на столбовите како и на сите темели. Како последица на обилните врнежи од дожд во текот на месец ноември и декември минатата година и нерешената регулација на река Брегалница во овој дел, направено е ново оштетување на мостот,  по што е забранет сообраќајот за сите видови возила, рече градоначалникот  Виктор Панунов.

 

Со реконструкцијата на мостот,  се подобрува и приостапноста до атрактивни природни, културни , историски и археолошки локации и сместувачки капацитети, како што се природните убавини на планината Плачковица, како и  археолошкиот локалитет Баргала.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...