Генералниот секретар на работилницата на тема „Унапредување на управувањето во јавниот сектор“

ВладаГенералниот секретар на работилницата на тема „Унапредување на управувањето во јавниот сектор“

Најчитано

Под покровителство на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија Методија Димовски, во соработка со ОЕЦД СИГМА (Организација за економска соработка и развој/Програма за поддршка за подобрување во управувањето и менаџментот), на 16.9.2022 година се организираше работен состанок на државните секретари на кој учествуваа и претставници од Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација и експерти од ОЕЦД/СИГМА.

На работилницата на тема  „Унапредување со управувањето во јавниот сектор“, експертите на СИГМА Ксавиер Систернас, виш советник за политика и координаторот од програмата СИГМА за Република Северна Македонија, Баграт Тунијан, дадоа краток осврт на начелата за професионална јавна служба и управувањето со човековите ресурси во јавната администрација и пред државните секретари ги презентираа состојбите и статусот на реформи во оваа област нотирани во Извештајот од мониторингот на СИГМА за Република Северна Македонија за 2021 година.

Државните секретари ги разгледаа предложените мерки во новите предлог закони за административни службеници, вработени во јавниот сектор и високата раководна служба и детално се осврнаа на мерките, процедурите и чекорите кои треба да се преземат кон обезбедување предуслови за воспоставување на соодветна правна и институционална рамка за професионална и кохерентна јавна служба, конзистентни и ефективни практики за вработување, управување, наградување и стручно усовршување на јавните службеници, како и воведување на мерки за поттикнување на интегритетот, спречување корупција и обезбедување дисциплина во јавната служба.

Целта на работилница беше да се придонесе кон дијалогот за донесување квалитетни и одржливи решенија за унапредување на состојбите во јавниот сектор како интегрален дел од реформата на јавната администрација, која е составен дел од кластерот Фундаментални вредности во преговорите за членство во Европската Унија.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе