spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Градоначалникот Таравари се сретна со градоначалникот на Приштина, Рама

Гостивар: Градоначалникот Таравари се сретна со градоначалникот на Приштина, Рама

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари се сретна со градоначалникот на општина Приштина, Перпарим Рама.

 

На средбата се разговараше за искуствата во образованието, културата на општинско ниво, размена на ученици, развојот на регионалниот туризам како и за препознавање и промоција на културните, економските и агрокултурните вредности.

 

“Тоа беше плодна средба која го отвора патот за соработка меѓу нашите општини во размена на ученици, меѓусебно охрабрување на нашите граѓани за економски и културни посети и учество на различни фестивали и саеми кои се организираат во двете општини, со цел развој на регионалниот туризам и препознавање и промоција на културните, економските и агрокултурните вредности”, рече градоначалникот Арбен Таравари.

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...