На 13.09.2022 во салата на Општина Штип се одржа обука за првата група од 15 наставници од основните училишта во Штип кои покажаа интерес да научат како да предаваат шах на децата од почетните одделенија во основните училишта. Целта е да се промовира шахот кај најмладите и да се поттикнат родителите и децата да одберат шах како дел од часовите кои се пополнуваат со изборни активности. Предавањето беше во организација на Шаховскта Федерација на Македонија, а предавач беше добар познавач на оваа игра, Емил Жежов.
Ова е почеток на обуката на уште на 80-тина наставници од сите градови во Македонија.
Извор: Општина Штип