Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02), а во врска со Програмата за образование за 2022 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 21/21), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува
О Г Л А С
за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науките од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје за учебната 2022/2023 година
За учебната 2022/2023 година Општина Центар-Скопје ќе додели стипендии за талентирани ученици од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје.
I Услови за доделување стипендија
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- да се редовни ученици во VIII и во IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје;
- да оствариле континуиран успех одличен (5,00) во текот на школувањето во VI, VII и во VIII одделение.
II Критериуми за доделување стипендија
Освоени награди од областа на науките (природни и општествени) од VI до IX одделение:
- прво место градски (општински) натпревар (половина бод);
- прво место регионален натпревар (1 бод);
- прво место државен натпревар (1,5 бода);
- прво или второ место меѓународен натпревар (2 или 1,5 бода);
- добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод);
- се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот;
- наградите од нелиценцирани организатори на натпревари не се земаат предвид.
III Потребни документи
Со барањето кандидатот треба да достави:
- потврда од училиштето дека е редовен ученик;
- биографија;
- фотокопии од свидетелствата од VI до VIII одделение;
- фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науките од VI до VIII одделение.
IV Висина на стипендијата и рангирање
– Стипендијата изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година;
– За освоени од два (2) до пет (5) бода стипендијата изнесува 2.500,00 денари;
– За освоени повеќе од пет (5) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари.
V Начин на пријавување
Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје со назнака „За доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науките од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар“.
Пријавите ќе ги разгледува и по нив ќе одлучува општинската комисија формирана за овој конкурс.
VI Рок за поднесување документи
Краен рок за поднесување документи е 23.9.2022 година.
Нема да се разгледуваат документите што не се комплетни и оние што не се доставени навреме.
- Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура, наука или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
- Комисијата ќе го вреднува успехот постигнат во последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2019 година.
Извор: Општина Центар