spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Оглас за спортски стипендии на талентирани спортисти од општинските основни училишта...

Центар: Оглас за спортски стипендии на талентирани спортисти од општинските основни училишта во 2022/2023 година

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02), а во врска со Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2022 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје” бр. 21/21), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

ОГЛАС

за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од

општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во

учебната 2022/2023 година

 

        За учебната 2022/2023 година Општина Центар-Скопје ќе додели стипендии за талентирани ученици од VI до IX одделение во сите спортски дисциплини и од до IX  одделение во спортската дисциплина шах од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје.

 

  1. Услови за доделување стипендија

 

Учесниците во огласот треба да ги исполнуваат следниве услови:

– да се жители на Општина Центар

– спортистите да се редовни ученици од VI до IX одделение, освен учениците што се натпреваруваа во шах од I до IX одделение, во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар.

 

  1. Критериуми за доделување стипендија

 

Потребно е спортистот да има постигнување на точни (индивидуални) спортски резултати, добиени и потврдени од националните спортски федерации за период од 1.9.2020 година до 1.9.2022 година и да се во согласност со календарот за натпревари на матичните национални и меѓународни федерации:

 

– Освоено индивидуално прво место (1 бод) на државно првенство;

– Балканско првенство прво место (2 бода), второ место (1 бод) и трето место (половина бод);

– Европско првенство прво место (3 бода), второ место (2 бода) и трето место (1 бод);

– Меѓународно првенство прво место (4 бода), второ место (3 бода) и трето место (2 бода).

 

Учениците што во Лига-спорт 2021/2022 беа прогласени за најдобри играчи и стрелци веќе се стипендисти.

 

Останатите успеси и резултати што не се во согласност со календарот на натпревари од националните и од меѓународните спортски федерации нема да се земат предвид.

 

III. Потребни документи

 

Со барањето учениците-спортисти треба да достават:

– Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик од VI до IX одделение во сите спортски дисциплини и од до IX одделение во спортската дисциплина шах од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар;

– Биографија на спортистот;

– Важечки документ (потврда) издадена од националната федерација за спортските успеси и резултати во периодот од 1.9.2020 година до 1.9.2022 година.

Доказите за освоени места за пласман да се достават во копии.

 

  1. Висина на стипендијата и рангирање

 

Стипендијата изнесува 2.500 денари, 3.000 денари и 3.500 денари месечно за осум месеци во текот на учебната 2022/2023 година:

 

– За освоени три бода стипендијата изнесува 2.500 денари месечно;

– За освоени од четири до дваесет бода стипендијата изнесува 3.000 денари месечно;

– За освоени над дваесет бода стипендијата изнесува 3.500 денари.

 

Кандидатот има право да поднесе апликација доколку претходно нема добиено стипендија од други институции.

 

  1. Начин на пријавување

 

Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје, со назнака „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР“.

 

  1. Рок за поднесување документи

 

Краен рок за поднесување документи е 23.9.2022 година.

Документите на кандидатите што не се комплетни и не се навреме доставени нема да се разгледуваат.

 

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден оглас – култура, наука или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...