spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаДали лозарите ќе добијат субвенции по хакерскиот напад на Министерството?

Дали лозарите ќе добијат субвенции по хакерскиот напад на Министерството?

Во понеделникот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека нивниот електронски систем бил цел на хакерски напад кој предизвикал блокирање на редовниот работен процес и оневозможил исполнување на тековните процеси во надлежност на МЗШВ.

Постојат информации дека се работи за сериозен хакерски напад при што биле избришани големи бази на податоци, особено податоци за субвенции, планови и тендери. МВР води истрага за да утврди дали се работи за внатрешна саботажа или за надворешен упад.

Она од што најмногу стравуваат вработените и земјоделците е можното бришење на податоци за неисплатените субвенции кои биле во вредност од околу 530 милиони евра.

За тоа колку изнесува долгот за неисплатени субвенции и колкава е штетата од нападот врз компјутерскиот систем на Министерството за земјоделството, нема одговор!

Лозарите остануваат во неизвесност во екот на гроздоберот!

Дали станува збор за режирано сценарио како МЗШВ би избегнало или одложило исплаќање на субвенциите?

Дали воопшто некогаш ќе ги добијат средствата кои им следуваат?

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...