МФ: Бесими и вицепремиерката Кааг потпишаа меморандум за соработка помеѓу РСМ и Холандија за јакнење на јавните финансии

МинистерстваМФ: Бесими и вицепремиерката Кааг потпишаа меморандум за соработка помеѓу РСМ и...

Најчитано

Меморандум за билатерална соработка во јавните финансии во периодот 2023-2026 година, помеѓу министерствата за финансии на Република Северна Македонија и Кралството Холандија, беше потпишан денеска, од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и вицепремиерката и министерка за финансии на Холандија, ЗигридКааг, на маргините на годишните средби на Холандската конституенца на ММФ и Светска банка, кои се одржуваат во Сараево. Целта на овој Меморандум е понатамошно пренесување на искуствата и практиките помеѓу двете министерства во градењето на современ систем на јавни финансии.

Повеќегодишната успешна соработка помеѓу двете министерства вроди со голем број на програми и проекти за унапредување на различните функции на јавните финансии и нивните перформанси. Со новиот Меморандум за соработка се потврдува понатамошната патека за финансиска и техничка поддршка од страна на Министерството за финансии на Кралството Холандија за јакнењето на капацитетите на нашето Министерство. Конкретната програма на соработка ќе се усогласува на годишна основа.

Еден од најзначајните проекти досега е твининг проектот за “Зајакнување на буџетското планирање, реализација и внатрешна контрола”. Во рамки на овој твининг проект е дадена техничка поддршка за имплементација на новиот системски Закон за буџети. Поддршката за реформите во системот на јавна внатрешна финансиска контрола е исто така значајна да се спомне, како и хармонизацијата на легислативата за јавни набавки со европската легислатива. Во рамки на досегашната соработка е и пренесувањето искуства од страна на Националната академија за економија и финансии од Холандија во насока на градењето на Академијата за јавни финансии во земјава, која ќе биде значаен столб во понатамошната надградба на административните капацитети.

Во овогодинешната програма за соработка помеѓу двете министерства беа застапени неколку сфери на соработка, како јавната внатрешна контрола, зелените обврзници – размена на искуства и знаења, даночење трансфери согласно БЕПС и др.

 

Теми од интерес во следната соработка би биле јавната внатрешна финансиска контрола, финансиската едукација и инклузија, подобрувањето на ефикасноста на даночната администрација и заштитата од даночна евазија.

На средбата помеѓу министерот Бесими и вицепремиерката Кааг беше разгледан и напредокот на земјава во евроинтегративниот процес, економските состојби дома и во Европа, како и проекциите и мерките за справување со тековните предизвици.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе