spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Современ начин на управување со финансиите со поголема предвидливост и одговорност...

МФ: Современ начин на управување со финансиите со поголема предвидливост и одговорност во трошењето на јавните пари

Се воспоставуваат нови фискални правила и принципи кои ќе се применуваат во постапката за изготвување, донесување и извршување на Буџетот на РС Македонија. Собранието го усвои новиот Закон за буџети, кој го подготви Министерството за финансии, а кој овозможува поголема транспарентност и отчетност на целокупниот буџетски процес.

„Ова законско решение ја продолжува определбата за стратешко планирање, давајќи среднорочна рамка на јавните финансии, односно среднорочно буџетско планирање. Ова е клучна реформа што се спроведува во јавните финансии и е составен дел од концептот СМАРТ финансии, а со цел да обезбеди рамка за водење здрава, предвидлива и одржлива фискална политика, како и зголемување на буџетската дисциплина и одговорност“, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Фискалните правила во новиот Закон се дефинирани така што ја прават фискалната политика попредвидлива и поодговорна. Воедно тие се усогласени и конзистентни со оние на ЕУ. Поставени се нови рокови за буџетскиот процес со што се поместува временската рамка за подготовка на буџетот, предвидени се одредби за управување и располагање со финансиски и нефинансиски средства на државата и општините, со цел подобро користење и располагање на средствата на државата, предвидени се општи одредби за управување со јавен долг и издавање гаранции, со утврдени процедури за задолжување за потребите на централната и локалната власт, како и издавањето гаранции.

 

Со Законот се регулира и воспоставување Фискален совет, среднорочно буџетско планирање, управувањето со средствата на државата и општините, како и фискалната одговорност и основите за воспоставување на интегриран информационен систем за управување со јавните финансии. Буџетот ќе има подобар приказ, преку поголем број на информации кои ќе бидат прикажани и подобро структуирани.

Фискалниот совет, кој првпат се воспоставува, ќе обезбеди независни и професионални анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки, фискалната стратегија, буџетот, извештаите за реализација на буџетот, фискалните ризици и слично. Фискалниот совет ќе биде независно тело, во кое ќе членуваат експерти од областа на јавните финансии, макроекономија или економија. Ќе го формира Собранието, а членовите ќе бидат предложени од МАНУ, Државниот завод за ревизија и Народната банка.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, истакнува дека  Министерството за финансии во соработка со експерти од меѓународни институции како ММФ, Светска Банка, Европската Унија и Владата на Обединетото Кралство со новиот Закон за буџети изработи современ концепт за управување со јавните финансии.

Денеска потребата од носење на законот ја образложи заменик министерот за финансии Филип Николоски.

„Современиот и модерен начин на управување на јавните финансии претпоставува и високо ниво на дигитализирани процеси, што треба да се имплементираат преку новиот систем на ИФМИС. Преку овој систем ќе се обезбеди подобро спроведување на сите процеси, како и мониторинг и контрола на истите“, вели Николоски.

Притоа, како што потенцира, новиот Закон за буџети ќе овозможи подобрување во управувањето со јавните финансии, зајакнување на среднорочното буџетирање и ќе обезбеди поголема контрола каде и на кој начин се трошат парите на граѓаните.

Утврдените правила и принципи од новото законско решение, ќе се применуваат и при изготвување, донесување и извршување и на буџетите на  единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје.

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...