spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Експертите ќе им помогнат на ЖРСМ Транспорт АД Скопје во трансформацијата...

МИОА: Експертите ќе им помогнат на ЖРСМ Транспорт АД Скопје во трансформацијата на процесите на дигитализација

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити  се сретна со со Генералниот директор на Железници на Република Северна Македонија АД Скопје, Мајан Вејсели.
На средбата, Алити и Вејсели, разговараа за процесите на дигитализација на државно ниво како и за влијанието на овие процеси врз работењето на ЖРСМ Транспорт АД Скопје.
Соговорниците се договорија да формираат работни групи каде експерти од МИОА ќе им помогнат на вработените во ЖРСМ Транспорт АД Скопје во трансформацијата на процесите на дигитализација.
Средбите на Алити и Вејсели ќе продолжат и во иднина за конкретизирање на плановите за соработка.

Прочитајте

Карпош: Субвенции за постоечки и поставување на нови лифтови во зградите

0
Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување на финансиска поддршка...