МЖСПП: Жителите на село Камењане добија водоводна мрежа, Нуредини најави нови 50 милиони евра за водоснабдување на општините

МинистерстваМЖСПП: Жителите на село Камењане добија водоводна мрежа, Нуредини најави нови 50...

Најчитано

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини заедно со министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и градоначалнокот на општина Боговиње Бесник Емшиу денеска го означија завршувањето на проектот за водоснабдување на н.м. Камењане, проект финансиран од Министерството за транспорт и врски.

 

-Како граѓанин на општина Боговиње, село Камењане, особено ми е драго што денеска официјално завршуваме еден значаен проект за жителите од ова населено место. Во соработка со Министерството за транспорт и врски и со локалната самоуправа реализираме инфраструктурни проекти што се од животно значење за граѓаните. Еден од тие проекти е и изградбата на водоводна мрежа со која денеска обезбедуваме чиста вода за пиење за околу 5 илјади жители од село Камењане, чиешто секојдневие беше немање вода за пиење со години, вели министерот Нуредини.

Проектот за реконструкција на водоводна мрежа во Камењане е во вредност од над 240 илјади евра и вклучува реконструкција на 13.5 километри водоводна мрежа и обезбедување на вода од 20,00 л/с.

Министерството за животна средина и просторно уредување од Програмата за инвестирање во животната средина за 2022 година има обезбедено средства за инфраструктурни проекти во повеќе општини, меѓу кои се изработка на проектно-техничка документација за фекална канализација во н.м. Пирок и изработка на проектно-техничка документација за изградба на фекална канализација за н.м. Долно Палчиште. По пат на повеќегодишна јавна набавка од  Буџет на МЖСПП се финансира и изградба на канализациона мрежа за н.м. Камење и канализациона мрежа за н.м. Боговиње, проекти коишто се во тек на реализација, а нивната вкупна вредност е 266 милиони денари.

Со дополнителни 50 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициона банка (ЕИБ), Министерството финансиски ќе помогне на општините во реализација на инфраструктурни проекти за подобрување на водната инфраструктура.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе