Центар: 100 семејства добиваат по 7 000 денари парична помош за новороденчиња

ОпштиниЦентар: 100 семејства добиваат по 7 000 денари парична помош за новороденчиња

Најчитано

Општина Центар започна со исплата на парична помош за новороденчиња. Денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во Паркот на Франкофонијата на 100 семејства од Центар кои имаат новороденче лично им ги врачи решенијата во висина од 7.000 денари.

„На мое задоволство денеска овде во Паркот на Франкофонијата ги доделуваме решенијата за еднократна парична помош за најмладите Центарци. Покрај овие средства, новите родители добиваат и пакет производи и услуги од општествено одговорните компании Еурофарм, ПЗУ Жан Митрев, Реплек, Геопром, Хип, Веледа за што би сакал да им упатам искрена благодарност. Со подарувањето педијатриски услуги и сет производи општествено одговорните компании покажуваат дека се силно фокусирани на своите потрошувачи. Тоа е навистина за поздрав“, истакна Герасимовски.

Еднократната парична помош за новите родители кои редовно ги доделува општина Центар се во рамки на проектот на општината за доделување првична помош и поддршка на родителите, жители на Општина Центар. Во Паркот на Франкофонијата градоначалникот Герасимовски на родителите на најмладите сограѓани во општината им посака добро здравје и среќно и безгрижно детство, а на родителите успешно родителство и хармонични моменти во семејството.

Општина Центар ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите во општината.

 

 

 

Извор: Општина Центар

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе