Естонските искуства за електронската лична карта презентирани на првиот неформален состанок на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството

ВладаЕстонските искуства за електронската лична карта презентирани на првиот неформален состанок на...

Најчитано

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, како претседавач со Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, денеска во Владата на Република Северна Македонија организираше прва неформална средба на членовите на Советот, на која присуствуваше и тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој, којшто работи во областа на дигитализацијата и е-управување.

На состанокот вицепремиерката Грковска информираше за тековните процеси и подготовката за воведувањето на електронска лична карта, како основна алатка која треба да обезбеди дигиталната трансформација на општеството. Ги запозна членовите на Советот и со постапката за носење на нов закон за архивско работење, како и со активностите коишто ги презема Владата за поголема вклученост на институциите на Платформата за интероперабилност.

Тимот експерти од Естонскиот центар за меѓународен развој ги пренесе естонските искуства во делот на функционирањето на електронската лична карта и нејзината практична примена. Членовите на Национален совет за дигитална трансформација се интересираа и за естонските искуства во делот на безбедноста на личните податоци, сајбер отпорноста, како и за процесот на задржување на ИТ кадарот во јавната администрација.

Зборувајќи за предвизвиците кои ги носи дигитализацијата, вицепремиерката Грковска истакна дека европските искуства, како и нивното законодавство е многу важно како заедничка основа за креирање на домашните политики, но тие мора да бидат приспособени и применливи согласно нашите услови.

Дигиталната трансформација на општеството е еден од стратешките приоритети на Владата, која ја препознава потребата од дигитализацијата како предуслов за брз економски напредок и развој, што во исто време е потреба и на бизнис секторот. Токму затоа во Советот членуваат претставници на стопанските комори, банкарскиот сектор, универзитетите кои произведуваат ИТ кадар, локалната самоуправа, Собранието, како и министерот за информатичко општество и администрација, министерот за внатрешни работи, министерот за финансии, министерот за одбрана и директорот на Агенција за електронски комуникации.

Целта на формирањето на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството е планирање, координирање и реализација на активностите потребни за дигитализација на процесите како и ефикасно справување со предизвиците што таа ги носи.

 

 

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе