Во просториите на Општина Ново село на ден 19.09.2022 година, со кој се унапредија правата на вработените од работен однос во Општина Ново село.
Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Ново Село, претставувани од Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Ацо Крлев од една страна и Градоначалникот на Општина Ново село Ѓорѓе Божинов го потпишаа Колективниот договор за вработените Општина Ново Село.
Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди, усогласување на платите со порастот на минималната плата итн.
Во периодот кој следи, ќе продолжат активностите на Синдикатот на УПОЗ за унапредување на правата од работен однос.
Извор: УПОЗ