spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

АФПЗРР: Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

Од вчера до 31- ви октомври сите земјоделци кои во производната 2021/2022 година имале засеани и ожнеани површини со: пченица, јачмен, рж, овес и сончоглед на површина над 1 хектар и оствареното производство го продале во регистрирани преработувачки капацитети а воедно оствариле принос најмалку од 4.000 кг/ха за пченица, 3.000 кг/ха за јачмен, рж и овес и 1.500 кг/ха за сончоглед, ќе можат да аплицираат за дополнителнна финансиска поддршка.
Висината на дополнителната финансиска поддршка е 5.760 денари по хектар.

Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадено производство издадена од регистриран преработувачки капацитет.

Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка ќе можат да се обратат за помош во подрачните единици на МЗШВ.

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...