spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Петта година по ред е носител на Проектот „Европска недела...

АМС: Петта година по ред е носител на Проектот „Европска недела на спорт”

 

Стартува Европска недела на спортот

Агенцијата за млади и спорт петта година по ред е носител на Проектот „Европска недела на спорт

И оваа година Ве покануваме да ни се придружите и да бидете дел од отварањето на Европската недела на спортот под нашето препознатливо мото “BeActive”

Како и секоја година така и оваа организираме многу рекреативни спортски игри и активности прилагодени за сите возрасти а со тоа сакаме да ја пренесеме огромната придобивка за тоа што значи да си физички активен тоа е нашата цел, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

На прес конференцијата во АМС свое излагање имаше и заменик директорот на Агенцијата, Амир Билали, како и координаторот за европска недела на спортот Александра Дичевска.

Настаните започнуваат со отворање на 24.09.2022 на Плоштад кај Млечен ресторан со почеток 18 часот.

Супер спортски настан кој е дел од #BEACTIVE програмата е настанот во Ростуше во сабота, 24.09 – 10 часот, кој ќе има повеќе цели: Промовирање на патеката од месноста Велоица до месноста викана ОЛЕЦ ( попатно одмарање на 2 контролни точки ), Посета на водопадот Дуф. Патека Велоица – Олец – 2,6 км со D+ од 280м – во двата правци (денивелација или успон )– Водопад Дуф – 2,2 км – во двата правци.

Веруваме дека сите ние сакаме кога некој не мотивира и ни посочува за поквалитетен живот со позитивна мисла исполнет со активности кои ни го подобруваат секојдневието.

Водејќи се со таква мисла на 24.09.2022  организираме еден супер настан исполнет со ноќни спортски активности, музика, култура, дегустирање на здрава храна, забава и многу насмевки под мотото #BEACTIVE BY NIGHT.- 24.09.2022 – СТРУМИЦА

Оваа година Агенцијата за млади и спорт ги организира активностите во прекрасната Струмица со што активностите ќе започнат во 19 часот, во центарот на Струмица каде секој може да дојде и да ужива во прекрасната енергија,  добро друштво и многубројни активности за секој вкус.

Што ако секое дете може да биде активно на училиште со спорт и игра?

Што ако на секое училиште му требаше еден ден да го прослави спортот низ Европа?

Дали може да им помогне на студентите да го започнат животот на здравјето?

Ние велиме ДА, затоа на 24 септември 2022 година, Европскиот ден на училишниот спорт, Агенцијата за млади и спорт, Федерацијата училишен спорт, заедно со 40 претставници од општините и 40 основни училишни тимови од млади ќе реализираат 40 локални спортски активности.

Европскиот ден на училишниот спорт (ESSD) е училишен ден посветен на забавата, играњето заедно и промовирањето на физичката активност и здравјето за сите.

Тоа е прослава која дава можност училиштата: да го подигнат профилот на физичкото образование и училишниот спорт, да создадат забава и уживање преку иницијативи за физичка активност за младите, да го промовираат здравјето, да се поттикне социјалната вклученост и да се развијат социјалните компетенции кај нивните ученици.

Многу истражувања покажуваат дека да се биде активен ги прави учениците поздрави и подобри ученици во училницата. Училишниот дух се подобрува и со забавни и инклузивни тимски спортови.

Следете ги младите тимови во 40 општини и нивните активности кои ќе бидат проследени низ нашите социјални мрежи.

СКОКАЊЕ НА ЈАЖЕ– Ајде да се забавуваме и спортуваме!

Скокањето со јаже е дефинитивно една од најзабавните и најефикасни кардио вежби со кои го раздвижувате целото тело – Дојдете на нашиот настан да спортуваме заедно и да шириме позитивна – Гостивар 30.09 – 19 часот

Европската недела на спортот  насловена како #BeActive ќе придонесе за развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец.  Следете не и приклучете ни се во Септември во сите спортски активности што ни ги носи Европската недела на спортот.

Почнуваме со мнооогу нови активности за оваа година и Ве охрабруваме да се вклучите во нашата богата програма за заедничка цел – Здрав живот, физичка активност и позитивна енергија тоа е клучот на успехот!

Следете ги најавите за сите активности на следниве линкови;

https://www.facebook.com/EWoSmk

https://ewosmacedonia.mk

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...