Премиерот Ковачевски со сопругата присуствуваше на свечен прием организиран од американскиот претседател Бајден

ВладаПремиерот Ковачевски со сопругата присуствуваше на свечен прием организиран од американскиот претседател...

Најчитано

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со сопругата Елена Ковачевска, присуствуваше на свечениот прием за претседателите на држави и влади, организиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден. Приемот во организација на претседателот Бајден, се одржа во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

Присуството на премиерот Ковачевски на приемот организиран од претседателот Бајден е уште една потврда на долгогодишното стратешко партнерство на Северна Македонија со САД, како и поддршката што како држава ја добиваме во исполнување на клучните цели, но и за реализација на предвидените приоритетни политики за економски, социјален и демократски просперитет на државата.

Придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО и стратешкото партнерство со САД, се од исклучително значење за нашата држава особено во овој период на глобална економско-енергетска криза со која се соочува целиот свет.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе