spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕДодека соседите произведуваат струја, Македонија е на дното, за набавка на струја...

Додека соседите произведуваат струја, Македонија е на дното, за набавка на струја се потроши над 1 милијарда за 6 месеци, и реални се само провизиите на власта

Кога сме кај кризната состојба, да ги земете стенограмите од Крешник Бектеши, има само една страна експликација за кризна состојба. Нема информација за јаглен, нема информација на кое ниво се хидро акумулациите, нема информација зошто се продаваат ноќни вишоци, нема никакви информации, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Анализа“ на ТВ24.

Лефков посочи дека во првото полугодие од годинава за набавка на јаглен и на струја се потрошени 1 милијарда и 90 милиони евра и дека македонскиот бизнис плаќа двојно поскапа струја од Косово и тоа според податоци од Еуростат односно 144,5 евра, а Косово 73 евра.

– За да набавиме струја која ја нема, трошиме пари кои ги немаме и реални се само провизиите кои ги договара власта.  Македонија ја доведоа на дното, а Србија, Албанија Црна Гора сите произведуваат онолку електрична енергија колку што трошат, ние само за 6 месеци трошиме 1 милијарда и 90 милиони.  Македонскиот бизнис плаќа двојно поскапо од регионот и како да има конкуренција на македонскиот бизнис? Ова е практично предавство на сите граѓани, бизнисот и сите општествени сфери, нагласи Лефков.

Во врска со блокадата на Собранието, Лефков посочи дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неа и дека ќе трае се до предвремени парламентарни избори кои се решението за излез

– Ние најавивме дека после сето ова што ни се случува со узурпираните институции, затоа што нема преговарање со узурпатори, единствено ќе работиме во интерес на граѓаните и спасот од оваа цела ситуација го гледаме во предвремени парламентарни избори. На овој начин сега е неодржливо да се води државата, тоа го гледате и на сите собраниски комисии. Секогаш се стигнува 5 до 12, нема дискусија. Ние како опозиција имаме одредени механизми, некои закони не им успеаја, ќе ве потсетам дека мандатот на судиите и обвинителите не беше продолжен, закони беа повлечени од имаа недоследности, истакна Лефков

Во однос на референдумот тој потенцираше дека Талат Џафери целосно го узурпира Собранието, отфрли иницијатива за референдум кој е уставна категорија

– Референдумот е непосредно изјаснување на граѓаните, уставна категорија која и видовме како постапи Талат Џафери кога ја отфрли иницијативата која ја поднесовме до Собрание. Видовте и на кој член од Уставот се повика, на Член 118 дека ратификувани меѓународни договори не можеле да се менуваат со закон. Никој не му поднесе нему предлог за закон, никаде во Член 118 не пишува дека не може да се менува со референдум, пишува дека не може со закон. Тоа не беше предлог за закон туку за референдум, рече тој.

Лефков посочи дека референдумското прашање беше насочено кон договорот со Бугарија кој е извор на сите проблеми кои се појавија со преговарачката рамка и дека проблемот е тоа што од Македонија се бараат дополнителни услови, односно исполнување  на бугарските барања и дека на овој начин ќе се влезе во бесконечни преговори.

– Ние во многу наврати кажавме кога станува збор за ЕУ и исполнување на Копенхагешките критериуми во кои ќе треба да се бориме против корупција, да имаме стабилна економија, ние немаме никакви сомнежи. Имаме проблем затоа што покрај разговарањето за овие работи со ЕУ ние треба да разговараме на дополнителна маса на која ќе треба да ги исполниме бугарските барања. Ние сме за членство во ЕУ, но сакаме еднаков третман. Нефер е тоа што Албанија и Македонија кои беа во пакет имаат различен пристап. Во Македонската преговарачка рамка има решенија со две меѓувладини конференции, потенцираше Лефков.

 

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...