Карпош: Меѓународни искуства за намалување на енергетската сиромаштија

UncategorizedКарпош: Меѓународни искуства за намалување на енергетската сиромаштија

Најчитано

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во средата (21.09.2022) ги прими членовите на делегацијата од проектот ComAct–„Активности за намалување на енергетската сиромаштија во станбени згради“, кој е финансиран од ЕУ програмата Хоризонт 2020. На работната средба,  претставниците од Секторот за екологија и енергетска ефикасност од локалната самоуправа разменија искуства и информации за досегашни реализирани активности, кои се однесуваат на енергетската ефикасност на станбените згради на територија на општината.

 

На состанокот присуствуваа и стручните претставници од повеќе земји од Централна и Источна Европа (Унгарија, Бугарија, С. Македонија, Словачка, Литванија, Украина, Босна и Херцеговина и Германија). Притоа, учесниците посетија и дел од реновираните станбени згради во Карпош кои се со подобрени енергетски перформанси, кои пак се резултат на заедничките долгогодишни активности помеѓу општината и Хабитат Македонија.  Во таа насока, тие го посетија и Ресурсниот центар за енергетска ефикасност отворен во просториите на општината, кој на граѓаните им нуди широк спектар на услуги како што се совети, информации, директни консултации, застапување итн.

 

Инаку, преку проектот ComAct се спроведува тригодишна активност за намалување на енергетската сиромаштија, со конкретни пилот – проекти за подобрување на резиденцијалната енергетска ефикасност. Генералната цел на проектот е да овозможи интервенциите што имаат висока цена и големо влијание, да се пренасочат кон интервенции што имаат ниска цена и прифатливи решенија за сиромашните граѓани. Поточно кажано, преку реализација на низа проектни активности треба да се креираат услови во опкружувањето кои ќе придонесат кон засилување на примената на мерките за енергетска ефикасност во станбените згради, прилагодени на сиромашните домаќинства. На ниво на нашата држава, проектот го спроведува Хабитат Македонија, во кој локалната самоуправа од Карпош учествува како пилот општина.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе