spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаНа Референдум ќе се напаѓаат собраниските Заклучоци за Џафери да не изигрува...

На Референдум ќе се напаѓаат собраниските Заклучоци за Џафери да не изигрува уставен судија

„За разлика од ДПМНЕ, ние ќе ги напаѓаме заклучоците на Владата, со цел да не му даваме муниција на Талат да изигрува уставен судија, односно да толкува Устав.

Поентата е дека сега се оди согласно Членот 24 од Законот за Референдум.

Референдум на државно ниво – ние ќе бараме ЗАДОЛЖИТЕЛЕН Референдум – може да се распише за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието, што значи ДОПОЛНИТЕЛЕН.

Ние не го напаѓаме директно Францускиот предлог, бидејќи во тој случај, Џафери ќе рече тоа не е надлежност на Собранието и ќе биде во право.

Владата, сакајќи да демонстрираат сила и ЕУ-фундаментализам, го усвои Предлогот во Собрание и сега имате акт кој што согласно Закон за Референдум ние го ставаме на Референдум.

На овој начин, рацете на Џафери ќе бидат прилично врзани за одбивање.”

* Секвенца од вечерашното гостување на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, каде ексклузивно го објави референдумското прашање.

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...