spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСубвенционираме 80 отсто од цената на струјата за граѓаните, посветени сме на...

Субвенционираме 80 отсто од цената на струјата за граѓаните, посветени сме на обезбедување доволно енергенси за зимата

Владата предводена од СДСМ е посветена на обезбедување на доволно енергенси за претстојната зима, порача  вчера вечер во емисијата „Вин Вин“ потпретседателот на СДСМ, Фатмиr Битиќи.

Битиќи порача дека државата со 80 отсто ја субвенционира цената на електричната енергија за сите корисници кои се на регулираниот пазар.

„653.000 домаќинства и 70.000 приватни субјекти кои се на регулираниот пазар денес се обезбедени со субвенционирана цена на струјата, тоа е струја која 100 отсто доаѓа од домашно производство. И досега за ова субвенционирање сме потрошиле 240 милиони евра.“ посочи Битиќи додавајќи дека сите домашни капацитети се ставени во фунцкија за поголемо производство на електрична енергија.

Потпретседателот Битиќи истакна дека Владата со соседните земји се постигнати договори за гарантиран увоз на електрична енергија и енергенси, но дека тие би се користеле само ако се исцрпат домашните извори на енергија.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...