Власта нема никаков план, состојбата во енергетиката е повеќе од катастрофална, затоа веднаш оставки и предвремени парламентарни избори

Политички партииВМРО-ДПМНЕВласта нема никаков план, состојбата во енергетиката е повеќе од катастрофална, затоа...

Најчитано

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при  нејзината посета во Македонска Каменица се осврна и на енергетиката односно какви состојби може да се очекуваат на енергетски план и потенцираше дека состојбата во енергетиката е катастрофална и дека надлежните немаат никаков план и дека плановите се правеле порано.

Состојбата со енергетиката е катастрофална, јас не верувам дека тие имаат воопшто некаков план бидејќи планот се правеше неколку месеци претходно. Во тој период  за жал Владата не убедуваше дека состојбата е под контрола, дека ќе имаме планирано производство и за сметка на тоа сега гледаме во последниот месец како трчаат како избезумени во Бугарија, во Грција молат, коленичат за да обезбедиме струја, гас. Очигледно е дека ништо од тоа нема да се случи, но она што најмногу ме загрижува е тоа што не можат да обезбедат ниту пари затоа што во овој момент нас ќе ни требаат многу пари за да можеме таа струја да увеземе и да ја платиме, рече Димитриеска Кочоска.

Потпретседателката исто така посочи дека поради ваквите катастрофални состојби оваа влада треба да си оди, под итно треба да си поднесат оставки и да има предвремени парламентарни избори.

Жално е што морам да кажам, веќе не зборуваме и за затоплување на домаќинствата, зборуваме и за свеќи кои што ќе ги користиме дома затоа што ќе немаме и за осветлување. Затоа оваа влада треба да си оди, под итно треба да си поднесат оставки и да имаме предвремени парламентарни избори. Повеќе од јасно е дека ниту се способни и освен криминал и корупција ништо друго не ги интересира, додаде Димитриеска Кочоска.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе