Илинден: Опремен нов кабинет по програмирање во СОСУ ,,Илинден”

ОпштиниИлинден: Опремен нов кабинет по програмирање во СОСУ ,,Илинден”

Најчитано

Во Средното општинско стручно училиште  „Илинден“- Илинден опремен е нов кабинет за потребите на учениците по предметот  програмирање, уредување на веб страни, автоматика, мултимедија, како и за потребите на останатите стручни предмети.

Набавени се 44 мини десктоп компјутери i5, со исто толку монитори, како и 11 десктоп компјутери.  Сите компјутери се со лиценциран Windows 11 Professional.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го посети средното училиште и истакна дека локалната самоуправа континуирано  работи на обезбедување квалитетни услови во образованието и успешно реализирање на  образовниот процес, затоа што една од најзначајните области за развој на општина Илинден е инвестирањето во образованието.

-Мораме да им обезбедиме на учениците да ги покажат своите способности, преку опремување на кабинетите со современа компјутерска опрема, а за наставниците преку соодветно опремените кабинети им овозможување одлични услови за работа, изјави градоначалникот Георгиевски.

Користењето на новата информатичка опрема ќе овозможи поуспешно реализирање на образовниот процес преку примена на нова и напредна информатичка техника и технологија,  а учениците ќе можат да ги продлабочат и прошират своите знаења, вештини и умеења во квалификациите Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Електротехничар за електроника и телекомуникации.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе