spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Ја интензивираме соработката со општина Стари град од Белград со проекти...

Центар: Ја интензивираме соработката со општина Стари град од Белград со проекти во културата, спортот и туризмот

Општина Центар и општина Стари Град од Белград ја интензивираат дводецениската соработка како збратимени општини во областите на урбаниот развој, економијата и инвестициите. Градоначалникот на Општина Центар е во дводневна посета на општината Стари Град со која Општина Центар е збратимена општина полни две децении.

Во посетата Герасимовски ги посети културните установи „Параброд“ и спортскиот центар „Милан Гале Мушкатировиќ“ каде со градоначалникот Општина Стари Град Радослав Марјановиќ ги споделија искуствата и договорија размена на проекти во областа на културата, спортот и туризмот.

„Нашите две општини имаат слични проекти затоа ќе ја зацврстиме соработката на локално ниво применувајќи ги добрите пракси кои постојат во Стари Град кај нас и нашите кај нив. Важно е да споделуваме искуства и во начинот на кој работат спортските клубови но и да ги споделиме културните вредности и туристичките капацитети на двете држави“, изјави Герасимовски при посетата на Стари Град.

Благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ соработката на државно ниво ќе се интензивира и меѓу локалните самоуправи. Поривот на Герасимовски и Марјановиќ да се зајакнат локалните самоуправи е силна и оваа искрена меѓусебна соработка ќе помогне двете општини да се подигнат на едно повисоко културолошко и спортско ниво.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

 

 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...