spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Бабовски се обрати на 9-от Меѓународен научно - стручен собир “Денови...

АХВ: Бабовски се обрати на 9-от Меѓународен научно – стручен собир “Денови на ветеринарна медицина 2022”

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, се обрати на отворањето на 9-от Меѓународен научно – стручен собир “Денови на ветеринарна медицина 2022”,  кој од 22 до 25 септември се одржува во Охрид во организација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, а во соработка со Ветеринарната комора на Република Северна Македонија. На свеченоста поздравни обраќања имаа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, д-р Лазо Пендовски, декан на Факултетот за ветеринарна медицина- Скопје, Проф.д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот Свети Кирил и Методиј и претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски. На првиот ден од  научниот собир, свое предавање на теме Нови вештини и знаења во ветеринарната професија, имаше и Проф. др Ален Славица од Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот во Загреб.

-За Агенцијата за храна и ветеринарство како државен орган, највисок приоритет е соработката со релевантни и компетентни институции кои можат квалитетно и брзо да одговорат на потребите на Агенцијата. Ова е од особена важност во состојбите кога се доведува до прашање здравјето и безбедноста на граѓаните, животните и животната средина. Со своето работење, Агенцијата има за цел да обезбеди постојана грижа за заштита на здравјето на луѓето од болести кои се пренесуваат преку храната, заштита на здравјето на животните и нивната благосостојба преку контрола на спроведување на прописи усогласени со стандардите на ЕУ како и меѓународните стандарди ратификувани од Република Северна Македонија – истакна Бабовски во обраќањето.

Агенцијата знае дека заштитата на здравјето е единствено можна само преку заеднички пристап и соработка на компетентните институции во државата, а тоа, додаде тој,  особено се однесува на соработката со Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје кој долги години наназад и многупати досега се има докажано како институција со која може да се соработува и да одговори токму на потребите на Агенцијата, а со тоа и на државата.

-Токму овој собир е пример за како треба да се соработува во интерес на здравјето и идентификувањето на решенија за актуелните проблеми и предизвици со кои се соочува ветеринарната медицина.  Со Факултетот за ветеринарна медицина имаме долгогодишна соработка. Заедничка цел ни е дисеминација и надградба на сознанијата од областите на здравјето на животните, нивната благосостојба и ветеринарното јавно здравство како и безбедноста на храната, што претставуваат многу актуелни современи теми, значајни за науката, но и за практиката. Токму овој меѓународен собир претставува еден врвен облик на соработка и заеднички настап во првите борбени линии за заштита на здравјето, рече тој.

Актуелните состојби, потенцира Бабовски, појавата на нови инфективни болести кај животните на територијата на нашата држава како што се африканската чума кај свињите, птичјиот грип и други, новите регионални политики на Отворен Балкан во однос на ветеринарното јавно здравје и контролата на безбедноста и квалитетот на храната и останатите моментални состојби се предизвици кои можат да се надминат исклучиво со заеднички настап на компетентни лица и институции. Долгогодишната посветеност на Факултетот во апликативниот дел кој го остварува преку лабораториите со големиот број на акредитирани методи е препознаен од државните институции и овозможува директна соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, но, исто така и од индустријата и сите релевантни институции во регионот.

На 9-от Меѓународен научно – стручен собир “Денови на ветеринарна медицина 2022”, покрај домашни експерти од областа на ветеринарството, учество ќе земат и еминентни претставници од регионот и Европа.

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...