Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николе Бабовски, во гостувањето на утринската програма на ТВ Телма се осврна на актуелната состојба со болеста африканска чума кај сињите во нашата земја.
Дадени беа препораки за тоа како да се препознае болеста од страна на фармерите, каде да се обратат доколку забележат промени кај свињите на фармите, а објаснета беше и симптоматологијата на болеста и фактот дали истата е опасна за човековото здравје.
Во емисијата директорот се осврна и на контролите, вклучително и на увозот на храна, со акцент на увозот на месо.