spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Почна депопулизацијата на свињи во карбинско-штипскиот регион поради африканската чума

АХВ: Почна депопулизацијата на свињи во карбинско-штипскиот регион поради африканската чума

Започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи во Карбинско – штипскиот регион поради болеста африканска чума. Од појавата на првиот случај во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3102 животни, а се очекува, јавува МИА, со оглед на бројноста на одгледувалишта во овој регион, бројката да се дуплира.

 

 

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денеска во Штип нагласи дека Агенцијата постапува во рамки на законските одредби и Правилникот за мерки за искоренување на африканската чума кај свињите.

Тој посочи дека во изминатиот период се донесени повеќе решенија во зависност од тоа како се јавуваат одредени жаришта на африканска чума.

Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија на сите одгледувалишта кои што не применуваат или имаат ниски биосигурносни мерки. Оние коишто имаат високи биосигурносни мерки, нивните свињи одат во кланица со која Агенцијата има потпишано договор и месото понатаму се носи на преработка со одреден технолошки процес.  Во радиус од 10 километри се врши депопулација меѓутоа без еутаназија, туку со економско искористување на животните, појасни Бабовски.

 

2

 

Тој потенцираше дека вирусот е отпорен, но дека болеста не влијае на здравјето на граѓаните.

Тоа месо што ќе биде преработено е здраво, безбедно месо, бидејќи ние луѓето не заболуваме од оваа болест, појасни Бабовски.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...